Дигиталните телефонски централи на Македонски телеком преку кои во голем дел с` уште се одвива фиксната телефонија, заминуваат во историјата. Истите, до крајот на идната година треба да бидат исклучени, а целокупната комуникација и сите услуги што ги нуди овој оператор во иднина ќе се одвиваат преку интернет. Kомпанијата воведува нова мултимедијална платформа базирана на ИП (интернет-протокол) со што се отвора простор и за нови услуги кои допрва ќе доаѓаат и кај нас, а кои ги овозможува развојот на интернетот. Со оваа инвестиција во вредност од 14 милони евра, Македонија ќе биде прва земја од Југоисточна Европа која ќе има мрежа базирана целосно на интернет-протокол. Со целосна реализација на проектот ќе бидат исклучени 359 дигитални централи. Овој процес веќе е во тек и досега околу 160.000 корисници се префрлени на новата платформа.
Дигиталните телефонски централи на Македонски телеком преку кои во голем дел с` уште се одвива фиксната телефонија, заминуваат во историјата. Истите, до крајот на идната година треба да бидат исклучени, а целокупната комуникација и сите услуги што ги нуди овој оператор во иднина ќе се одвиваат преку интернет.
Kомпанијата воведува нова мултимедијална платформа базирана на ИП (интернет-протокол) со што се отвора простор и за нови услуги кои допрва ќе доаѓаат и кај нас, а кои ги овозможува развојот на интернетот.
Со оваа инвестиција во вредност од 14 милони евра, Македонија ќе биде прва земја од Југоисточна Европа која ќе има мрежа базирана целосно на интернет-протокол.
Со целосна реализација на проектот ќе бидат исклучени 359 дигитални централи. Овој процес веќе е во тек и досега околу 160.000 корисници се префрлени на новата платформа. Односно, сите оние што користат некоја од услугите „Макс“ на „Телеком“ (кабловска, интернет) ја користат новата платформа, но останува на неа да се префрли уште значителен број корисници. Пред с` сите што имаат само фиксен телефон. А такви се речиси уште 300.000 граѓани кои останаа верни на „Македонскиот телеком“ и на класичниот начин на комуникација.
Од компанијата имаат зацртано неделно на новата платформа во целата земја да се префрлаат по 3.000 корисници и веќе интензивно се комуницира со сите што се претплатници на фиксен телефон од „Телеком“. Притоа на граѓаните ќе им биде инсталиран посебен интегриран уред на кој ќе може да се приклучат сите комуникациски уреди што може да се користат во домот - фиксен телефон, смарт-мобилен, лаптоп, „Макс ТВ“ и сите нови типови телевизори, веб-камери, интернет-радија и друго, каков што веќе имаат оние што веќе користат „Макс ТВ“ или интернет
- Поставувањето на интегрираниот уред е неопходно без оглед на тоа што можеби граѓанинот моментно користи само фиксен телефон од причина што тој е основа за услугите што можеби ќе се користат во иднина, вели Томчо Георгиев, директор на Директоратот за развој на сервиси во „Телеком“.
Веројатно нема да биде далеку времето кога преку мобилен телефон ќе може да се пуштат во функција машина за перење, клима-уред, греење или некој друг апарат во домаќинството и кога корисникот е надвор од домот, а што е веќе достапно во многу развиени земји. А за тоа е потребен само паметен телефон со одредени апликации, соодветни апарати за домаќинство и мрежа базирана на ИП-протокол.
Ваквите мрежи, велат од компанијата, на корисниците ќе треба да им обезбедуваат подобар квалитет на говорните услуги и поголема стабилност на мрежата, а истовремено се поевтини за одржување.
Нашите централи - добредојдени кај соседите
Постојните 359 дигитални централи по исклучувањето ќе бидат продадени. За нив, како што велат од „Телеком“. постои интерес во други земји што заостануваат во развојот на телекомуникациите зад Македонија. Но, тие не се некаде далеку, туку и земјите од нашето соседство се интересираат за нив. Па така, можните дестинации каде што ќе се најдат нашите дигитални централи се Србија, Kосово и Албанија.